Петровска: Во преговорите за Деловникот ќе бараме и „он лајн“ Собрание

You must need to login..!

Опис

Во Собранието се формира работна група која ќе работи на измените на Деловникот. Веќе се делегирани по тројца пратеници од поголемите пратенички групи, но во неа ќе членвуаат и пратенци од политичките партии застапени во Парламентот. Разговорите се дел од процесот Жан Моне. Според праеничката на СДСМ Славјанка Петровска деловничките измени се суштинска работа за да имаме функционално Собрание. Таа најави дека на преговарачката маса владејачкото мнозинство ќе го стави и „он лајн“ функционирањето на парламентот.

-Го почнуваме процесот и на маса ќе ги ставиме сите отворени прашања за кои што сметаме дека треба да бидат уредени во собранискиот Деловник. Ние покрај прашањата за тоа колку треба да трае Конститутивната седница, или, пак, дали има потреба во месецот двапати да се одржуваат пратенички прашња, би го отвориле и прашањето за одржување на „он лајн“ седници.

Знаете дека имавме таков предлог кој што беше наметнат од новонастанатата ситуација, но за жал беше неумесно блокиран од страна на колегите од опозицијата, Тоа прашање сега во реамките на овој процес апсолутно ќе го ставиме на маса и ќе се заложиме тој навистина да биде едно од прашањата кој ќе бидат дел од новиот Деловик, рече Петровска.

Според Петровска ќе се отвори и прашањето за носењето на Законот за буџет на државата, но и прашањто – што кога претседатлите на некои работни тела одбиваат и прават свесно прекршување на Деловникот или се обидуваат да го заобиколат и не закажуваат седници за суштински закони.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + thirteen =