Предан: Евроскептицизмот предолго трае затоа се случуваат вакви работи како во Украина

You must need to login..!

Опис

Република Словенија и Република Северна Македонија одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. По тој повод денеска се организирани низа активности за одбележување на 30-годишната соработка меѓу двете земји, а словенечкиот амбасадор Милан Предан гостуваше во „Утрински брифинг“.

Тој се осврна на неколку аспекти од соработката на двете земји пред се во областа на образованието, при што Словенија години наназад стипендира македонски студенти.

Амбасадорот Предан кој е родум од Марибор објасни и за денешниот симболичен настан – во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје, ќе биде засадена 400 години стара винова лоза, народно позната како Жаметна чрнина или Модра кавчина.

  • Истовремено, преку симболичен начин ќе се промовира значењето на науката во заштитата на животната средина, значењето на биодиверзитетот, како и чувањето и грижата за природното богатство, кое во Словенија има многу долга традиција. Воедно ќе биде посадена и македонската автохтона винска сорта Станушина, рече Предан.

Тој го сподели и своето гледиште за актуелната криза во Украина по руската воена агресија и последиците врз Европа и светот:

-Сите трагични случувања во Украина всушност донесоа две позитивни работи: ЕУ и НАТО никогаш не биле толку обединети во ставовите и во санкциите и драго ми е што и Северна Македонија се приклучи кон санкциите за Русија, и втората е дека ЕУ конечно сфати дека во тој регион треба нешто да се придвижи. Откако се отвори тој фронт, треба да знае дека отворањето на друг фронт посебно тука на Балканот треба едноставно да се пресече. Постојано зборуваме за некои датуми кои се одложуваат и после кои расте евроскептицизмот. Се надевам дека дијалогот со вашиот сосед ќе донесе некои резултати. Исто така ако имаше доволно притисокот од ЕУ нема да и се случеше ова на Украина, рече амбасадорот Предан.

Тој изрази жалење за трагедијата која го погоди украинскиот народ:

-Тие пружија јуначки отпор на руската агресија и се надевам дека ќе се најде компромис, таа трагедија, тоа насилство и војна конечно да заврши, дециден е Предан.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 + 7 =