Превенецијата како сериозна здравствена политика, разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Ние се повеќе и повеќе имаме кристално јасни докази за улогата на превенцијата во медицината. Насобран е голем материјал кој покажува на реални основи случајот „превенција“ е многу силен. Сведоци сме на појава на превенцијата како сериозна здравствена политика, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов.

Не постои неограничен здравствен систем. Дури и побогатите земји со далеку подобри здравствени системи од нас имаат јасен здравствен буџет. Се знае чергата до каде е. Во таа смисла може многу да биде направено доколку парите кои се даваат за лекување на одредени болести, еден мал дел да биде пренасочен кон спречувањето. Се повеќе научни студии се движат во тој сооднос, вели Митов.

Многу тешко е да им се објасни на политичарите дека треба да инвестираат сега, за бенефитот да го види некоја наредна генерација политичари после нив, кои ќе ги видат придобивкитеза 10, 20, 30 години. Тоа е првото нешто на глобално ниво. Исто така тоа ќе значи одделување на парите од онаму каде што ќе може во моментот „да се сече лента“, И генерално, самата јавност е помалку свесна за вистинските придобивки и никој дополнително не се труди, вели д-р Митов,

Целиот разговор со Д-р Александар Митов поглднете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =