Првата еко зона во Скопје има смарт клупи кои го мерат квалитетот на воздухот и приклучок за полнење телефони

You must need to login..!

Опис

Граѓанската организација Гоу Грин во соработка со Швајцарската амбасада и Центарот за развој на Скопски плански регион ја создадоа првата еко зона во Скопје, во рамки на која има смарт клупи со сензори за квалитет на воздух, сензори за притисок на воздух, мерат температура, од сончева енергија собираат струја, имаат бесплатен бежичен интернет и се оплеменети со зеленило. Горјан Нацевски од Гоу Грин денска во Утрински брифинг рече дека изградба на вакви зони се планираат и во Кисела Вода и Карпош.

-Главната идеја е да им покажеме на младите генерации дека за голем дел од секојдневните активности можат да користат обновливи извори на енергија. Еко зоните ќе бидат предмет на обуки за млади лица кои ќе ги организираме ние како здружение, со цел да се поттикне повисока општествена свест уште од мала воздраст, рече Нацевски.  За одржувањето ќе се грижи општина Центар, која што има инсталирано и подземна инсталација за наводнување на зеленилото. На клупите ќе има и простор за рекламирање, а средствата ќе бидат наменети за изградба и на други зони и одржување на истите.  Една клупи чини 10.000 евра, поради што креаторите на еко зоните апелираат да се покаже одговорно однесување, и чувство за чување на предметите од заеднички интерес.

-Не може никој толку пати да уништи колку што ние ќе обновиме, или ќе се обидеме да ги фатиме сторителите. Решение сме да создадеме убави катчиња во градот и ќе успееме во тоа. Квалитетните материјали од кои се изработени клупите, имаат отпор на вандализам и тоа ги прави да бидат толку скапи. Една клупа тежи 600 килограми, и беа користени специјални кранови за да се постават клупите тука. Што значи комплетно крадење би било невозможно. Можни се само минимални оштетувања, така што сакам да ги обесхрабрам сите кои имаат вандалски намери, нагласи горјан Нацевски од Гоу Грин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × one =