Пратеникот Ибраимоски се откажал од платата за да помогне кај социјалните заедници со основни намирници

You must need to login..!

Опис

Пратеникот од последниот парламентарен состав, Самка Ибраимоски, информираше во Утрински брифинг денеска, дека платата која што му следува од Собранието, за време на борбата против болеста Ковид 19, решил да ја донира по неколку семејства, главно за подмирување основни намирници.

Воедно Ибраимоски рече дека неговите сопартијци од ПЦЕР, опремен со соодветни хигиенски средства им помагаат на помали заедници при купувањата, а им поделиле и маски и ракавици.

„Во овој тежок период на биолошки-економска војна, треба да има солидарност, независно дали се бизнисмени, пратеници, функционери, треба сите солидарно да помогнме.

Има луѓе кои можат да помогнат, затоа што ни економијата во овој момент не може да опстане“, изјави Ибраимоски во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 12 =