По 19 години мировниците се вратија дома – членството во НАТО е и нивна заслуга

You must need to login..!

Опис

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка’ во Авганистан.

Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, во здружени тимови.

Северна Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, денеска сојузници – САД, СР Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а офицери испраќавме и како дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.

Од 2015-тата година, припадниците на Армијата даваа свој придонес во мисијата- наследник, „Одлучна поддршка“ и тоа со 500-тини припадници, распоредени во Командата за обука, советување и асистенција – главен град Кабул, под команда на Турција; потоа во Командата на мисијата предводена од САД, со задача обезбедување на командата; во тим за советување во командата – Север предводени од СР Германија; во рамките на заедничкиот придонес на групата А5 во Центарот за здружени операции на КОСА – Север и во хирирушки тим во норвешката Role-2 болница, во соработка со Кралството Норвешка.

Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“.

Потполковник Тони Јаневски портпарол на Армијата на Република Северна Македонија за Утрински брифинг изјави дека подршката на сојузниците и алијансата ќе биде давана согласно одлуките на Самитите на НАТО.

-Тешко е да се направи сумарум на 19 годишно учество, особено што тоа е прва мисија каде припадници на нашата армија имаат учествувано. Произлегоа искусни старешини, војници кои дадоа голем придонес во мисиите. Се даде придонес кон воспоставување демократска заедница во Авганистан, но и самите ние имавме бенефит од тоа што во меѓувреме го научивме, вели Јаневски.

Потполковник Фето Бајрами за Утрински брифинг изјави дека искуствата се огромни.

-За прв пат имавме шанса со моите војници, тогаш под германскиот контингент, да застанеме рамо до рамо со војници од други армии, првенствено со армии од земји членки на НАТО. Тогаш ја искусивме способноста рамо до рамо со нив да извршуваме задачи, мисии. Мора д анагласам дека сите мисии од почетокот до крајот, иако се водат како мировни мисии, за нас војниците се борбени мисии. Секојдневно 24 часа сме на задача. Тоа оскуство вроди со плод, осбено во наше приблиќување, пренесување на култура, знаење, интероперабилност.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + one =