Пољова: Никогаш во Украина немало проблем со Русите кои живеат во земјата, но руската пропаганда си го направи своето

You must need to login..!

Опис

Руско – Украинската криза го крена на нозе цел свет, но оваа тема која не засега сите во Европа, па и во светот најболна секако е за украинскиот народ.

Галина Пољова е Украинка мажена во Македонија. Веќе четири години живее како наш сограѓанин, но во овие тешки моменти мислите и се со најблиските.

Пред повеќе од 24 часа Русија изврши инвазија врз нејзината земја наводно дека немала друг избор освен да присегне по ваков чекор.

Но да ја оставиме политиката на страна да се осврнеме на тоа дали во 21 век оружјето, насилството, крвопролевањето ги оправдува средствата или само се задоволуваат нечии апетити.

На крајот секоја војна завршува со договор но народот ја плаќа цената во страдања и губење на животите на најмилите. Каков е во моментов животот во Украина, кои се пораките кои ги испраќа украинскиот народ, што велат нејзините најблиски за целата новонастаната ситуација се прашањата на кои ќе се обидеме да добиеме одговор.

-На почетокот сите беа многу вознемирени, исплашени, никој не очекуваше дека ќе биде бомбардирана целата територија. Сите одат да купуваат по маркети, вадат пари, купуваат бензин, но после ситуацијата се смирила.

-Јас сум од западна Украина, во мојот град нема никакви воени дејствија, но пред пола час зборев со мајка ми и била уклучена сирена за против воздушна одбрана и сите требаа да се скријат.

-100 километри од мојот град беше бомбардиран аеродромот и сега имам информација дека се бомбардира друг град во близина на мојот град.

-Се плашам за сите мои роднини кои живеат таму, бидејќи ситуацијата е страшна.

-Никој од мојата фамилија, никој од моите другари не сакаат да ја напуштат Украина, но доколку има потреба ќе дојдат кај мене во Македонија.

-Сите Украинци се обединети да дадат отпор и има многу волонтери, фондови кои помагаат на војската и сакаат да дадат отпор.

-Украина не треба да бара помош, туку сите мора да ни дадат поддршка и да си ги исполнат своите обврски.

-Нападот беше неочекуван за обичните луѓе, дека ќе има бомбардирања со бомби, артилерија, од воздух.

-Никогаш во Украина немало проблем меѓу Русите кои живеат во земјата. Сите живеевме мирно, но руската пропаганда си го направи своето.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 3 =