„Потрошувачкото општество да го заборавиме, животниот стандард ќе се врати како во 70-80тите години“

You must need to login..!

Опис

Изолацијата не е идеално решение, но во моментов не постои друго. Не дека ќе се спречи со тоа корона вирусот, ама ќе се ублажи се додека не се пронајде вакцина, вели историчарот Дејан Азески.

Тој во Утрински брифинг начна дел од проблемите со кои се соочува Италија но и светот.

„Во Италија постои размислување дека мерките ќе се намалат но никако нема да се укинат целосно. Сепак, ниту една држава нема доволно ресурси за целосен карантин, освен можеби Кина и Русија. Оваа криза ќе покаже дека редовниот армиски состав повторно ќе биде потребен“, смета Азески.

Според него, во Македонија и на Балканот, било очигледно дека луѓето кои живеат во поурбаните средини повеќе веруваат во систем и повеќе ги почитуваат мерките, а за руралните вели, каде повеќе се истакнати семејните вредности, ќе има најголем проблем бидејќи никој не смета дека од своите блиски може да се зарази.

Азески предвидува сценарио во кое животот нема да се врати во нормала како што го знаеме, туку животниот стандард значително ќе опадне.

„Имаме целосно закочена економија. Нема ум во светот што може да предвиди колкава ќе биде штетата. На долг рок, нивото на животен стандард ќе се врати кон 70-80тите години и потрошувачкото општество кое претходно го знаеме, ќе го оставиме зад нас. Ќе бидеме финансиски ограничени. Светот ќе заликува на некој период од пред неколку децении кога некои семејни вредности ќе се вратат на сцена. За досегашното „раскалашено живеење“ сега ќе ја платиме сцената“, тврди историчарот Азески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + seventeen =