Од : Ивана М. Лазаревиќ
You must need to login..!
Опис
Краткиот филм во развој „Скакулци“ на младиот филмски автор Ханис Багашов ја доби првата награда на „European Short Pitch“ која ја доделува регионот Бретања. Се работи за паневропска иницијатива на Ниси Маса за поддршка на млади таленти во областа на краткиот филм. „Имавме исклучително добра презентација што понатаму ќе му ги отвори вратите на филмот и на големите европски фестивали и жирито на чело со Сара Шлусел од Берлинале талент, која ни даде целосна поддршка и ја освоивме првата награда што потоа ни резултираше и со заинтересирани копродуценти и дистрибутери.

Успеавме во овој проект да вклучиме и една француска продуцентска куќа – „La Belle Affaire Productions“ и Жером Блесон, кој моментално работи на новиот филм на Вим Вендерс. Филмот е љубовна приказна на двајца тинејџери кои живеат во едно планинско место. Сите што го прочитаа сценариото рекоа дека со нетрпение чекаат да го видат филмот, а тука голема улога и филмскиот јазик на Ханис кој веќе солидно меѓународно искуство на фестивалите во Сараево и Берлин. Тој има еден сензуален филмски јазик што во оваа фаза го предизвика вниманието на филмските професионалци“, вели Илија Тирицовски извршен продуцент од ОХО продукција.

Тој додава дека европските филмски професионалци и фестивали ги препознаваат младите таленти кои почнуваат со краткометражни остварувања, но потребна е поголема поддршка и од дома затоа што има доволно простор тие да успеат на меѓународен план. „ОХО продукција работи на неколку телевизиски проекти како „Пет +“ и ситкомот „Преспав“ но развиваме и нови серии за ккои се надевам дека наскоро.

Можам да ви кажам дека сега работиме на една телевизиска серија за тинејџери, која ја презентираме на филмскиот фестивал во Талин. Сериите во последните години се барани од телевизиите ширум светот, веројатно недостатокот на друга квалитетна тв програма отвара повеќе простор за сериите. Но кај нас телевизиите , а и продукциите немаат интерес за продукција на сериите, можеби финансиите се дел од причината, иако сум убеден дека и нашата македонска публика има потреба и сака да гледа наши домашни телевизиски производи“, вели Тирицовски.
Tags
Слични видеа
Ангелка Пеева Лауренчиќ: Водењето на државата е менаџмент – доколку се држите на вистинските менаџерски алатки, дисциплинирано работите, точно ќе знаете што и кога да направите
Самиот циклус на доаѓањето на власт на Трамп, владеењето и неговото заминувањето е голем куриозитет на светската сцена, интересен феномен кој
Иницијативата Ways2help за десет месеци овозможи плаќање на 300 сметки на сиромашни граѓани
Веќе десет месеци функционира иницијативата Ways2help во рамки на која им се помага во плаќањето сметки на сиромашни граѓани. Волонтерите уште пр
Илијевски: Да се активира „мини шенген“ за полесно доаѓање до вакцините
Процедурата е објаснета. Техничките проблеми мора да се решат и нас многу ни значи оваа помош од Србија. Системот со електронско пријавување ф
Бошковски: За да имаме квалитетна репрезентација разликата во клубовите мора да ја прават македонските играчи
Нормално е дека нацијата која гледа ракомет сака борбеност и победи. Во овој момент има промена на генерација (што треба да се направи порано)
Трајковски од Средношколскиот сојуз: Еве и шанса на Царовска да го слушне критичкото мислење на младите
Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека државната матура ќе се спроведе, дека матурантите имаат право да го изразат незад
Славчо најавува променливо и облачно време, со температури до 12 степени
Денеска времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во за
Утрински брифинг 22.01.2021
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 07:30-10:00 часот, низ динамична програма составена од актуелни информации, анализи и разг
Речиси нема жена во Скопје што не доживеала сексуално вознемирување
Според истражувањето за сексуалното вознемирување на јавните простори во Скопје, кое го изработија Андреа Велинова и Јована Здравевска, нема
Владата да обезбеди услови, а бизнисмените да се фатат за работа
Бизнисот во овие ковид услови оди лошо. Во глобални услови економијата е падната на ниско ниво. Транспортот за Русија оди тешко и за разлика од
Андоновиќ: Бајден ги враќа САД во унилатералата – ги поништува актите на Трамп и последиците од „трампизмот“
Веднаш по преземањето на функцијата и влегувањето во Белата куќа новиот американски претседател Џозеф Бајден поштиша 15 претседателски укази
За пет проценти е зголемен медицинскиот отпад на Дрисла во време на ковид пандемија
Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 предизвика зголемување на количеството на депониран медицински отпад на депонијата Дрисла. Вкуп