Ружин: Стратешкиот совет за надворешна политика е потребен – помина времето на салонската дипломатија – сега дипломатот е активен фактор кој иницира теми, оди во компаниите, лобира

You must need to login..!

Опис

Во Министерството за надворешни работи се одржа инаугуратувниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. Според шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, министерството започнало нов процес за создавање нова десетгодишна надворешна политичка стратегија која почива на три столба.

Како што изјави министерот, првиот столб ќе се базира на широки граѓански консултации надворешната политика, вториот столб претставуваат специјализираните тематски конференции, а третиот столб е формирањето на Стратешкиот совет за надворешна политика како постојано советодавно тело на министерството, кое ќе служи, како што наведе,како посебен филтер, еден вид на инка низ која ќе се транспонираат политичките насоки кои ќе се собираат во рамките на консултативните процеси.

Меѓу членовите на советот се поранешната пратеничка на ВМРО-НП и функцонерка на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Божиновска, Срѓан Керим, кој беше претседател на Генералното собрание на ОН, професорот Марјан Ѓуровски, поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, екс министерот за надворешни работи, Денко Малевски, Марко Трошановски од Институтот за демократија, поранешната пратеничка Ивана Туфегџиќ, поранешниот пратеник Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, директорот на Алкалоид, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

-Иницијативата за создавање на еден вид орган која е од неформален карактер и е беневолна и е за поздравување и мислам дека тоа е една од првите иницијативи воопшто за овие 30 години македонска независност, еден министер за надворешни да прави едно вакво широко тело. Околу кадровскиот состав тоа најдобро го знае министерот, но јас мислам дека настојувал да направи една екипа која освен експертизата ќе има и едни политички афинитети во смисла дека не се сите партиски членови или симпатизери на владејачката партија, туку сакал да направи еден вид на интеграција на луѓе со различно мислење, но и обид да ја обедини онаа темпераментна вреќа на разни размислувања која што постојано создава немир и во надворешната политиика. Од друга страна трендовите на надворешната политика се такви што благодарение на демократизацијата веќе немам работа со обична скриена дипломатија, туку имаме работа и со јавното мислење. Демократизацијата означи широко отворање на вратата на разни мислења и затоа секој мминистер, премиер, претседател на држава доплжен е да води сметка а јавното мислење, изјави во Утрински брифинг поранешниот амбасадор, проф. Нано Ружин.

-Во воведот и самиот министер рече дека како дел од овој кабинет бил повикан и поранешниот министер за надворешни работи, Попоски, што мислам дека е човек кој има експертски сознанија, од политичката десница и е дел од екипата на Груевски, кога беше минситер. Но моето мислење е дека значењето на афирмацијата, значењето на составувањето на овој Комитет е побитен отколку составот на еден или двајца луѓе за кои што јавноста не се согласува да бидат тука. Ова го велам од проста причина – тррадицоналната дипломатија с есмени, значи веќе немаме работа со дипломатија која е затворена и с епотпира на сила и утврдување на рамнотежата. Сега дипломатот не треба д биде, како што велеше Кисинџер, само еден писмоносец, дипломатот е активен, тој инцира и не само политички теми, туку економкси, културни,, социјални, значи дипломатот станува активен фактор и мислам дека тоа ниво се уште го немаме достигнато. Сите современи дипломатии се исполнети со економска дипломатија. Владата мора да инвестира средства и да направи нешто во смисла на економска промоција на државата, привлекување инвестиции, афирмација на туризам. лобирање, адаптација според правилата на меѓународните односи. Затоа ни треба промена која би создала одреден профитабилен ефект за државата. Помина времето на салонската дипломатија кога амасадорите ги гледавме само на приеми и се занимаваа со светски теми. Денеска амбасадорот и сите негови соработници се должни да одат по фирмите да одат по компаниите, да иницираат разни теми. Затоа ова што го предложи министерот Османи оди во таа насока, вели Ружин.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 8 =