По долго време, пратениците од опозицијата и од позицијата заземаа иста страна во корист на една фела – сметководителите

You must need to login..!

Embed Code

Опис

Народните избраници како експресен воз во рок од 24 часа „истераа“ една јавна дебата за фелата сметководители, потоа донесоа петнаесетина амандмани и барањата на сметководителите ќе се најдат на пленарна седница и кои што ќе бидат составен дел на еден Закон што треба да се донесе за уредување на сметководствената струка во државава.

-Пет години наназад укажуваме дека законот треба да биде оформен во согласност со меѓународните правила и да биде перспективен за младината. Претходно, Министерството за финансии немаше слух и дури беа и отстранети професорите од одделот сметководство и ревизија од работните групи , изјави во Утрински брифинг Билјана Киселички, овластен сметководител.

-Ова сега што го гледам, добивам впечаток дека Министерството почувствувало дека не му се презентирани сите факти и реалната состојба и јас го доживувам ова како позитивен шок. Ми се допадна тоа што конечно после долго време, пратениците и од опозицијата и од позицијата заземаа иста страна во корист на една фела, вели Киселички.

Таа се надева дека така и ќе остана и дека не е самосплет на околности, туку и дека е став на Министерството за финансии.

Во Утрински брифинг беше и овластениот сметководител Јован Златевски, кој вели дека нема идеален Закон.

-Уставот на С Македонија е многу мал текстуален, но е добро уреден и сите други работи се уредуваат со подзаконски акти и подзакони. Така и ние не мора се да ставиме во Законот.

-Од 2018 почна да се крчка овој Закон што сега треба да се донесе. Најнапред треба да се распоредат сметководителите во неколку категории, додава Златевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve − six =