Последен ден за пријавување за образовни асистенти

You must need to login..!

Опис

Денеска е последен ден од објавувањето на јавниот повик за аплицирање за образовни асистенти во училиштата со ресурсни центри.

– Одговорен ресурсен центар за Општина Карпош е училиштето „Златан Сремец“. Ги повикувам сите заинтересирани и сакаат да бидат дел од основното образование во училиштата во Карпош, да го искористат последниот ден од отворениот повик и да аплицираат. За разлика од порано, оваа година документите за пријавување се носат директно во ресурсните центри. Досега се забележува голема заинтересираност од страна за образовните асистенти, но не како изминатите години. Минатата година беа ангажирани околу 50 образовни асистенти, и оваа година очекуваме да бидат ангажирани приближно ист број асистенти. Досега ниту еден родител не бил одбиен, односно не се случило да училиштата да има дете со посебни образовни потреби кое не добило образовен асистент, објасну раководителката на секторот за образование во о. Карпош, Емилија Арсовска.

До минатата година еден асистент бил распределен да работи со едно дете, но според најавите постои можност во учебната 2020/2021 година еден асистент да работи со две деца, доколку тоа го дозволува здравствената состојба на детето ли доколку во едно одделение има две деца со посебни образовни потреби.

– Според договорот, асистентот може со ученикот да работи четири часа во текот на денот. Минатата година поради пандемијата и онлајн наставата, имаше асистенти кои одеа во домовите на учениците за да им помагаат во совладување на наставната содржина, вели Арсовска.

Образовните асистенти мота да имаат завршено високо образовани и да имаат стекнато 240 кредити од ЕКТС програмата, додека личните асистенти можат да аплицираат и со завршено средно образование.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + four =