Посетата на Османи на Белгија и Луксембург, односите ЕУ-Русија, барањето за оставка на Борел, разговор со новинарката Тања Милевска

You must need to login..!

Опис

Официјално целта на посетата на Османи е да се види со колегите во Луксембург и Белгија, но сепа јасно е дека една од целите е да лобира и да ја објасни македонската позиција во спорот со Бугарија. Разбравме дека Белгија била посебно заинтересирана, така што ќе видиме што ќе излезе од таму, изјави за Утрински брифинг, дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Говорејќи за она што се случува после посетата на Борел на официјална Москва, Милевска вели дека иако околу 70 европратеници драфтираа писмо во кое бараат оставка, тоа нема да се случи, бидејќи зад него стојат и Фон дер Лајн и претседателот на европскиот Совет, но по сослушувањето на пленарната седница, Борел ставил до знаење дека не може веќе да се подаде рака на Москва и изјави дека ќе предложи нови санкции кон Москва.

Сепак мора да се има на ум дека оние кои бараат оставка од Борел се главно демохристијаните и конзервативците, а тој доаѓа од социјал-демократската партија на Шпанија, така што тука има и политичка битка.

Факт е дека Борел е непромисен, брзоплет по карактер. На пресот со Лавров ја спомна руската вакцина, иако се уште нема авторизација на европскиот пазар. вчера во Парламентот му с еупатија низа критики, тој не одговори на нив и го избегна ова прашање. Од друга стран оние кои го бранат велат дека нападите се еден вид на „ејџизам“.

Најголемите критики доаѓаат од истокот на Европа. Најлути беа земјите од источна Европа, балтичките земји, Полска и факт е дека Борел замина во Москва без поддршка од повеќе источно-европски земји, вели Милевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =