Пораст на температурите, но дождливото време продолжува – Временска прогноза со Славчо

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови па натаму ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Во текот на следните денови поради продор на топол воздух од југ, температурите ќе бележат тенденција на пораст, но во попладневните часови локално повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − five =