Поп Атанасова: Не сакаме е-учебници, сакаме да се вратиме во училишните клупи

You must need to login..!

Опис

Бојкотот започна пред помалку од една недела. Мотив заради кој почна е најавата за новата реформа за елсо електронски учебници. Протестот мораше да прекине поради огромни притисоци од професорите и надлежните од нашето училиште. Ние сакаме да нема е – учебници , сакам да се вратиме во училишните клупи. Министерката не сака да разговрара со нас, имаме впечаток дека си мисли дека не сме битни, изјави во Утрински брифинг Борјана Поп Атанасова, средношколка во „Ѓорги Димитров“.

Има изрека која вели – ако сакаш да ја уништиш државата, уништи го побразованието. Младите во Македонија со ваквите избрзани и несоодветни реформи само се поттикнуваат што побрзо да ја напуштат државата, вели Поп Атанасова и додава дека многу нејзини соврснички планираат да ја напуштат државата и образованието да го продолжат надвор.

Разговараме со сите средни училишта, но кај нас свикуваа родителски, па кажуваа дека некој нас не организирал, некоја дива банда која не води, а тоа не е точно. Потоа имавме вонредни класни часови, дека ќе имаме неоправдани, дека ќе имало тестови, дека нема да можеме да поправаме оценки… Ние зборувавме со „Корчагин“. Таму дел од професорите ги поддржуваат, но почна интензивно со закани и мораше да прекинеме, вели Поп Атанасова.

Немавме поддршка од Средношколскиот сојуз. Откако се изборија за некои нивни интереси, не заборавија и не им беше гајле за нас. Од нашето училиште нема претставник таму. Средношколскиот сојуз не откачи и не го интересираше дали ќе продолжиме или не бојкотот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =