Попризова: Младите се најголемите жртви на родово насилство

You must need to login..!

Опис

Медиумите од регионот деновиве известуваат дека на апликацијата „Телеграм“ повторно се појавила група во која луѓето од Балканот испраќаат интимни фотографии на девојки од Србија и околните земји. Овојпат групата е наречена „Перверзии на Балканот“. Психологот Ана Попризова коментира дека проблемот со родовото насилство перманентно постои, а младите се најголемите жртви, особено девојчињата во овие мрежи.

„За жал, формалните наставни програми и образовниот систем многу малку ги отвораат овие теми во средното образование, можеме да кажеме дека постојат само неколку содржини кои што се необврзни на класните часови. Тоа создава отпор и кај наставниците, бидејќи немаат доволна подготовка за работа на овие теми за да ги отвораат со учениците. Од друга страна, потребата на малдите е огромна да се зборува за овие теми затоа што самата возраст ги наметнува прашањата кој сум јас, која е мојата личност, кои се моите потреби, кој е мојот сексуален идентитет, која е мојата сексуална определба и во тој сет на прашања многу е значајно, ние како образовни институции, да бидеме она место каде што ќе се зборува за родовите стереотипи, начините како да се препознаваат и како да се справуваат со нив.

Еден дел од проблемите на младите, особено на девојчињата се поврани со тоа. Средношколската возраст е период на првите партнерски релации, први врски, па парашањата се како ќесе позиционирам во врската, каква е мојата улога како партнер, партнерка, кои се моделите што сум ги усвоил/а во моето семејство, во моката околина, како мислам дека треба да се однесувам во една врска…Тоа се прашања кои си ги поставува секој адолесцент. И во тој процес, младите често се изложени на родово засновано насилство. Затоа што од една страна девојчињата имаат еден стереотип, а момчињата па, исо така подлежат на стереотипите за тоа како треба да бидат мажествени, доминантни и поагресивни во врската и ова се прашања кои се важни за сите без оглед на пол, род и ориентација“, вели за Утрински брифинг, Ана Попризова, психолог.

Таа додава дека преку проекти и често во соработка со невладините организации се прават сериозни обиди младите не само да ги препознаат облиците на родовото насилство, туку и како тоа да се превенира и како да постапат ако самите тие или некој нивен близок се жртви на такво насилство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 6 =