Попоски: Студен и влажен бран се движи кон Македонија

дожд

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов ќе имаме сончево и натпросечно топло време, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Особено долж повардарието и во северните предели ветерот ќе засилува на интензитет, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во среда локално ќе има повеќе облачност во текот на денот, во вечерните часови на запад ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планините. Во четврток под влијание на нов влажен и постуден воздушен бран ќе има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Снежната граница повремено има услови да се спушти и на надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели.

Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на опаѓање и во четврток ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава.

Постепено затоплување како и стабилизирање на времето ќе имаме веќе од петок па натака, што значи дека влажниот и постуден воздушен бран нема долго да се задржи кај нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =