Попоски: Стабилно и суво, без врнежи

You must need to login..!

Опис

До крајот на денот, како и во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време. Повремено ќе има услови и за мала локална облачност.

Ќе биде претежно тивко, исклучок ќе биде четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.По котлините, особено наутро и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, локално истата има услови за се задржи и нешто подолготрајно.

Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат околу, или не многу под нулата, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 6 до 13 степени во најтоплите предели од државава. Во местата со магла ќе остане постудено.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 2 =