Попоски: Сончево време, па нов влажен и студен бран

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и релативно топло за овој дел од годината, ќе има и мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Претежно сончево време ќе имаме и утре, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во среда во текот на денот облачноста ќе се зголемува и особено во вечерните и ноќните часови кон четврток ќе има повремен локален дожд и снег на планините, особено во западните предели.

Во четврток пак нашата територија ќе биде зафатена од влажен и постуден воздушен бран од север. Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на нова и зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина, особено во западните и во северните предели од државава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот во четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Потоа од петок следува нова стабилизација на времето и постепен пораст на температурите на воздухот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =