Попоски: Следува стабилизација на времето

image

You must need to login..!

Опис

По преодното зголемување на облачноста, проследена со повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, следува стабилизација на временската состојба кај нас.

Од денес па во текот на следните денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ветерот кој го имавме од северен правец ќе ја намали својата брзина и ќе стивне, така и времето понатаму ќе биде претежно тивко.

По котлините понатаму ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во утринските и во претпладневните часови. Минималните температури на воздухот на повеќе места ќе бидат негативни, што значи наутро повторно ќе биде студено.

Максималните дневни ќе бележат тенденција на пораст за разлика од оние вчерашните и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 5 до 12 степени, во најтоплите предели во текот на следните неколку денови истите има услови да се искачат до околу 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =