Попоски: Следува дестабилизација на времето

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов, како и во текот на утрешниот ден кај нас ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Денес ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и понатаму речиси насекаде ќе бидат негативни, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Потоа во сабота ќе има појава на умерена облачност, локално ќе има и нешто повеќе облаци додека пак во недела доцна попладне и навечер во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират и во останатите предели на државава, но ќе бидат од локален карактер.

Максималните температури на воздухот нема да се менуваат многу во однос на сегашните, и во следниот период ќе се искачуваат во интервалот некаде од 6 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + ten =