Попоски: Променливо облачно со сончеви периоди – температурите до 22°C

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 14 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа од утре до петок времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. За време на викендот температурите ќе бидат нешто пониски и ќе има услови за повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =