Попоски: Променливо време со почести врнежи

дожд

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден во државава ќе имаме променливо облачно време, во текот на претпладневните часови се уште ќе има повремен локален дожд, на планините ќе провејува снег, а ќе дува и умерен долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во вечерните часови и во текот на ноќта краткотрајно облачноста ќе се намали. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, рано претпладнево ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура на воздухот денес се очекува да се искачи до околу 12 степени.

Потоа до крајот на оваа недела ќе имаме доста променливо време, односно уште утре попладне и навечер во западните предели ќе започнат нови врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират на повеќе места, на високите планини пак врнежите ќе бидат од снег.

Доста нестабилно со чести врнежи ќе се задржи и за време на викендот кој доаѓа. Од сега гледано, во текот на следната недела за разлика од оваа ќе имаме нешто постабилно и посуво време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + two =