Попоски: Од среда постабилно и потопло време

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време, ќе има и повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите и понатаму ќе бидат претежно од снег, врнежите повеќе застапени ќе бидат во источната половина од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, доцна попладне и навечер има услови за слаб локален дожд.

Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 11 степени. Слаби локални врнежи од дожд и снег на планините ќе има и во вторник а ќе дува и северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Од среда ќе имаме постабилно и се потопло време, односно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + 5 =