Попоски: Незначителен пад на максималните дневни температури

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност, додека по котлините, особено во текот на претпладнево и повторно во вечерните часови ќе има магла и ниска облачност. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

И во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена облачност. По котлините ќе има магла и ниска облачност, особено наутро и претпладне, и повторно во вечерните часови. Локално повеќе облаци ќе има во недела кога особено на повисоките и планинските места ќе има услови за локално провејување на снег, исто така во недела и во понеделник ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот ќе ги намали условите за магла по котлините.

Минималните температури и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, максималните пак за време на викендот ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × five =