Попоски: Влажен бран се движи кон државава – очекувајте дожд, пад на температурите и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес во државава времето ќе биде сончево и топло со мала, попладне и кон крајот на денов и со умерена облачност. Ќе започне да дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала а попладне и со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, попладне ветерот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 23 степени.

Во текот на утрешниот ден облачноста насекаде ќе се зголеми и од околу пладне па натаму на повеќе места ќе започнат повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер. Најпрвин ветерот ќе биде од југозападен, потоа од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите. Максималните дневни утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, меѓутоа од попладневните часови ќе започне да опаѓа.

Веќе во среда ќе имаме стабилизирање на времето со што ќе продолжи и периодот на стабилно и суво време без врнежи. Среда ќе биде малку посвежа со максимални дневни температури, кој ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на сегашните.

Максималните дневни во среда ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат не многу под нулата, односно минималните во среда и четврток ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Само на високите места и на планините ќе биде уште постудено. Максималните дневни температури на воздухот, од четврток повторно ќе бележат тенденција на пораст со што се очекува уште поголемо затоплување на времето во однос на она кое го имавме досега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − 5 =