Поповски: Стабилно и суво време, без никакви врнежи

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов, како и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Исклучок ќе биде само вечерва кога локално ќе има нешто повеќе облачност, особено на североисток и на север каде локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Утре повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури, особено од недела ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината во следните неколку денови ќе има стабилно и суво време, без врнежи. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -3 степени додека максималните дневни од недела ќе бележат тенденција на позначителен пораст, односно истите ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 1 =