Поповски: Рејтингот на СДСМ е подјаден од коалициониот партнер од албанскиот блок, а кај опозицијата е обратно ВМРО го подјадува рејтингот на коалициониот партнер од албанскиот блок

You must need to login..!

Опис

Добро поминаа изборите, но ДИК доцни со резултатите. Втор круг ќе има сигурно, сигурно е и дека ВМРО ќе има и поголем број гласачи. Кога ќе ги земете само општините во Скопје кои побегнаа од татковското крило на ВМРО сега се вратија назад. А тоа се големи општини и во заедничкото конто влегуваат со значаен број гласови.

Данела Арсовска води со 4000 гласа пред Шилегов на 75% пребројани.

-Таа води, во ред, но генерално тенденциите се тие. Успехот на Шилегов е поголем од што може да се претпостави со оглед на општите состојби со резултатите. Тој имаше несреќа сите дабидат против него. Е сега како ќе се движат работите ќе треба да видиме.

Дали е ова резултат на тешките две години – ковид и ЕУ интеграции, а колку на резултатите на самите градоначалници.

-Многу работи се собрани. СДСМ е 4,5 години на власт и има подјадување на резултатите од она како ја спроведуваше власта. Имаше неколку несреќни интервјуа на Заев во врска со Бугарија, а од дома кон нив даваше цврсти изјави. Кој и да беше на власт ќе постапуваше истото. Пандемијата очекувавме да заврши по вториот бран, еве тераме четврти, петти.

Но и самата ситуација во СДСМ, како она во Куманово со неизборот на Максим Димитриевски, имаше голем одек во јавноста. Не е драматично да се разијдат патиштата меѓу партиите и градоначалниците. Тоа освен во Куманово се случи и во Кавадарци и во Илинден.

Може ли да се очекува редефинирање на политиката кон ЕУ со оглед дека платената цена е голема.

Интересно е што рејтингот на СДСМ е подјаден од страна на коалициониот партнер од албанскиот блок, а кај опозицијата е обратно ВМРО го подјадува рејтингот на коалициониот партнер од албанскиот блок.

-Можеби. Но опозицијата сега ќе се обиде да направи редефинирање на парламентарното мнозинство. Имаме случај кога БЕСА и ДУИ се противкандидат, во Тетово и Желино, а обете партии се дел од владејачкото мнозинство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × one =