Поповски: Путин може да бара почит од сите, ама не до степен на „мајчинска љубов“

You must need to login..!

Опис

Темата со Украина никако не стивнува. Мирче Адамчевски коментира дека ова се претвора во пропагандна војна бидејќи врвот на кризата некако се прекрши во овие недели.

-Јас не сум сигурен дека врвот се прекршил. Мислам дека никој не знае што понатаму ќе се случува, но очигледно е дека Американците ги повлекуваат своите граѓани кои не мораат да престојуваат во Украина, а и Македонија се подготвува да го направи тоа, вели новинарот Љупчо Поповски за Утрински брифинг.

Во Украина живеат и работат повеќе од стотина Македонци.

-Можно е ова сѐ уште да оди во насока на воен конфликт. Тоа би бил конфликт од мали размери, па НАТО не би знаел како да реагира. Главна поента на Русија во овој момент е да ги поврзат Доњецк и Луганск со Крим и целиот излез на Азовското Море да го прсвои оставајќи ѝ ја само Одеса на Украина, коментира Поповски.

Уште минатата година беше објавен еден текст во кој недвосмислено се говори за тоа дека Украина не би требало да биде незавосна држава од руска гледна точка. Русија на Путин е останата во 19-вековната геополитика. Тоа создава вознемиреност во околината, а Балтичките земји се на штрек како и Турција, а исто така Германија ја прекина испораката на оружје за Украина со што има нејасни реакции од НАТО.

-Украина сега многу подобро се снабдува со оружје од пред две години. Се вели дека Турција ќе достави противтенковски орудија, какви што достави во Азербејџан за кусата војна со Ерменија. Проблемот со Германија е друг. Шолц беше секретар на Шредер, а Шредер е во управниот одбор на Газпром уште следниот ден откако престана да биде германски канцелар, коментира Поповски.

Тој додава дека Германија сака да си ги задржи своите интереси, особено економски, а сепак да остане со Алијансата.

Ако е точна информацијата што ја објавија британските разузнавачи дека Русија сака да вспостави марионетска влада во Украина, она станува продолжена драма која ќе има низа реперкусии на европскиот континент.

-Каква поента би имало Русија да влезе во Украина а да не воспостави марионетска влада? Левада имаше истражување во кое се вели дека само 24 отсто од Русите би поддржале таков исход, вели Поповски и додава дека ако има конфликт и загинати, овој број на поддршка нема да се зголеми.

На границата со Украина не знаеме колку војска има, во Крим има околу 100 илјади војници, а НАТО војници во Полска има само 6000. Европа е во голема неизвесност осбено ако се има предвид можноста за прекин на испораката на гас.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − four =