Поповски: Позицијата на десницата сега е историски најслаба

You must need to login..!

Опис

Поминаа 100 дена од новата Влада, а со оглед на настаните во овој период се чини дека помина многу побрзо отколку во претходни случаи. Овие сто дена изгледаа како двесте, вели новинарот и колумнист Љупчо Поповски за Утрински брифинг.

Стоте дена од новата влада Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе оди на уривање на оваа Влада со блокирање на улици и протести.

-Тоа не е нешто невообичаено. Протести секаде има, има и во Брисел пред европските институции ама таму не се пореметува сообраќајот. Но, кај нас такви блокади ќе им го загорчат животот на граѓаниите. Најавата на Мицкоски може да биде серизна, но ова е веќе шеста или седма најава за протести, па ништо немаше. Тоа е одраз на одредена немоќ кај лидерот на опозицијата, а Владата со неколу пратеници плус е постабилна. Мислам дека ова е некој момент на заплашување. Видовме што се случуваше со штрајковите деновиве, а оганот го потпали минималната плата што беше ветување на Заев пред локалните избори, вели Поповски.

Тој додава дека изминатите неколку недели имаше период на мирување, никој не бараше предвремени избори.

Во ова време на глобални конфронтации победата на Емануел Макрон на претседателските избори не е занемарлив успех. Поповски коментира дека неговата противкандидатка Ле Пен доби еден милион гласови повеќе што покажува дека популизмот ги изгуби изборите, но не е победен во Франција.

-Макрон во вториот круг ги доби гласовите на оние кои беа против Ле Пен, оти глас за Ле Пен значеше нарушување на позициите на Франција во Европа и светот, вели Поповски.

Тој го коментираше и поразот на десничарот Јанез Јанша во Словенија и вели дека Јанша загуби поради назадување на демократијата што го покажаа и меѓународните истражувања. – Обидот за потчинување на сите сфери во општеството придонесе Словенците да гласаат против него, коментира Поповски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven + eighteen =