Поповски: На Македонија не и треба Движењето на неврзаните

You must need to login..!

Опис

На последниот самит во Брдо кај Крањ се потврди блокадата на нашите евроинтеграции што поттикнува размислувања дали ЕУ е единствената опција за интегрирање. -Ние сме во ќорсокак. Не знаеме кога ќе се случи нашата интеграција во ЕУ, и тоа не поради нас туку поради себичноста на другите членки кои се против проширување, а една од причините е што имаат проблем со Бугарија и Романија кои влегоа во Унијата сосема неподготвени па сега се легло на корупција. Но, овие пониски можности на интеграција, како што е Отворен Балкан, мислам дека тоа не се нашите реални можности.

Во Европската економска зона како организаија и нема што да бараме. Таму во основа се вложува во ЕУ, а прашање е колкав би бил бенефитот за нас. Тоа е добро за богати земји кои имаат систем на организација, вели аналитичарот Љупчо Поповски за Утрински брифинг. 

Шесте земји од Западен Балкан имаат помал БДП од Словачка, оттука нејасно е зошто се јавува толкав отпор во Унијата против овој регион. -Фондација Берт Осман направи истражување и вели дека ЕУ нема да има никакви трошоци и напори за да ги алиментира евентуалните новите членки. Тука станува збор за политика. А ние пропуштивме неколку шанси. Европската унија треба да се има предвид и она што го има речено Жак Делор: „ЕУ е како велосипед, ако престанеш да вртиш, паѓаш.“

Викендов во Белград се одржа уште еден самит на Неврзаните на кој учествуваа околу 130 земји. Дали новите Неврзани се опција за интеграција кон која Македонија треба да се приближи. 

-Не. Може да оди како посматрач. Но да влегува во такви зделки… тоа не е патот на Македонија. Претседавач на Неврзаните сега е Илхам Алиев, автократ од Азербејџан. Тоа не е нашиот пат, особено што движењето има склоност да се вовлече во руската сфера на влијание. Со оглед на меѓународните политички состојби се јавува прашањето дали можеби на светот му треба некакво неврзано движење кое ќе има политичко влијание. -За да се обнови тоа движење, треба големи политички фигури. На времето тоа беа Тито и Нехру, но тоа беа политички џинови и движењето држеше умерена дистанца.

Сега во Белград главна ѕвезда беше рускиот министер за надворешни работи. Ако беше Лавров во Белград, зошто не беше и Ентони Блинкен? Сега Фукоовото клатно отишло на една страна и останало таму. Ако остане вака, движењето самото ќе се делигитимира. Ќе остане во сфера на Русија, а со тек на време ќе се накалеми и Кина, коментира Поповски за Утрински брифинг. Србија се вооружува веќе подолго време. Против кого би се борела Србија со вакво вооружување? -Србија од 2007 е влезена во Партнерството за мир, значи тие имаат добри односи со НАТО и покрај и лошата историја што ја имаат со НАТО. Бугарија пак се вооружува од други причини. Оттука Србија не смее да заостанува оти Русија вложува таму за да го покаже своето влијание. Тоа е одраз на состојбите на општеството. Хојт Ји еднаш рече: Не седете на две столчиња, особено ако се многу оддалечени, вели Поповски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 2 =