Поповски: Навредливо е што Борел ни вети дека ќе ни испорача надеж, а дојде да добие поддршка за санкциите против Русија

You must need to login..!

Опис

Викенд колумната на аналитичарот Љупчо Поповски беше посветена на евроинтеграциите и посетата на Жозеп Борел во Македонија и Албанија.

-Прво треба да разликуваме дали тоа е позиција само на Борел или и на ЕУ. Најавата за посетата на Борел дојде од амбасадорот на ЕУ во Македонија Гир. Тој дури и ги искара новинарите зошто воопшто прашуваат дали може да се забрза процесот на евроитеграција на Македонија со оглед на кризата во Украина, кога спорот со Бугарија сѐ уште не е решен, вели Поповски за Утрински брифинг.

Поповски вели дека претпоставува оти посетата на Борел на Македонија беше да ја обезбеди поддршката за санкциите против Русија а притоа да не испорача ништо. Две земји од Балканот, Србија и Црна Гора, што веќе имаат отворено преговори се дистанцираа од санкциите.

-Навредливо е тоа што Борел можеше да ни вети дека ќе ни испорача надеж, вели Поповски.

И посетата на Османи е посветена на економскиот аспект и искористувањето на ЕУ фондовите во оваа голема криза.

-Не смееме да се потпреме само на ЕУ како што беше со вакцините, па останавме четири месеци со прстот во уста и моравме да прибираме донации од вакцини, вели Поповски и додава дека ова не е анти-ЕУ туку просто мора да почнат да испорачуваат нешто и за Македонија.

Во врска со ситуацијата во Украина, Поповски вели дека е симптоматично испробувањето на руското ново оружје – хиперсоничните ракети.

-Русија нема некои посебни успеси освен во разорувањето на Мариупол и други помали градови, но немаат освоено ниеден поголем град. Почнува топењето на снегот и тенковите ќе заглават во кал или ќе треба да одат по патиштата или со железница, вели Поповски.

Рецептот на француското движење на отпорот беше да се спречат врските за испорачување нови, свежи трупи на боиштата.

-И од преговорите што ги водат двете страни, и од наводно инсајдерски информации, ова може да заврши како онаа Зимска војна меѓу Русија и Финска во 1939 година кога Русија освои 10 отсто од територијата. Сега целта е Донецк и Луганск и Крим, вели Поповски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 − nine =