Поповски: Економските последици од санкциите ќе бидат страшни за Русија

You must need to login..!

Опис

Викенд колумната на Љупчо Поповски, новинар и аналитичар, е посветена на германскиот концепт „лебенсраум“ (животен простор) во контекст на Русија: Колкав е животниот простор што ѝ е потребен на Русија?

-Можеби е пресилно да се каже, но факт е дека од времето на Петар Велики, и покрај големиот простор што го имаат како држава, очигледно со ширењето низ вековите чувството за големина им расте од деценија во деценија и секое стеснување на просторот претставува вознемиреност, вели Поповски.

Тој додава дека ним, според нивните сфаќања во Кремљ, им треба наоколу своевидна бафер-зона за да го надминат историскиот страв.

-Единствениот што успеал да влезе во Москва е Наполеон. Маршалот Монтгомери рекол дека има две правила во војната – никогаш не војувајте со Русија и никогаш не војувајте со Кина. Во однос на Русија проблемот за напаѓачот е длабината на земјата, оти колку и да напредува руските сили имаат простор да се повлекуваат сѐ додека непријателот не заглави, вели Поповски.

Поповски вели дека професорот Сергеј Гуриев, кој предава на прочуената Париска школа за политика и економија, објаснува оти санкциите што ѝ се воведени на Русија биле досега незамисливи во санкционирањето на некоја држава. Тој вели дека најголемата траума за руската економија ќе биде замрзнувањето на средствата на Централната банка. Гуриев вели дека ниту Русите ниту светот не знаат што ќе биде потоа, но несомнено ќе биде страшно и тешко.

-Ни Путин ни светот не очекуваше дека реакцијата ќе биде до толку силна, па и дека ќе оди до претерување со изјаснувањето на уметниците. Но, како што вели Милчо Манчевски – доаѓа време кога треба да се изјасниш, не можеш да останеш неутрален, вели Поповски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight − seven =