Поповски: ВМРО-ДПМНЕ страдаат од неподносливост да не бидат на власт

You must need to login..!

Опис

Денеска рускиот претседател Владимир Путин се обраќа на јавноста по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот и е голем притисокот од јавноста што тоа Путин ќе соопшти во контекст на украинскиот конфликт што Русија го предизвика.

-Најголемата разлика од сите досегашни паради, без оглед на тоа што ќе го чуеме, е најголемиот отклон од слоганот „Никогаш повеќе“ што беше слоган за мир. Годинава имаме милитаристичка парада во Моска со приказ на ракета која може да стигне до Њујорк за неколку часа и прелет на специјалниот авион од кој може да се спроведува команда во случај на нуклеарна криза, вели за Утрински брифинг новинарот и колумнист Љупчо Поповски.

Повеќе од една недела се зборува за тоа што ќе каже Путин и секако дека ќе ја стави во функција на она што се случува во Украина, коментира за Утрински брифинг аналистичарот Алберт Муслиу.

-Веројатно најголемата жртва во Втората светска војна ја претрпе Украина, а сега истата земја се наоѓа под напад од поголемиот брат што учествуваше во истата таа војна на истата страна. Според стратегијата на војната во терен и нападите на одредени области, точно се гледаат намерите на Путин за во иднина, иако засега Украина е во предност. Истото важи и за пропагандната војна. Путин веќе цел месец се повикува на нуклеарната моќ на Русија, а тоа е знак на слабост оти на светот има повеќе нуклеарни сили, вели Муслиу.

Тој додава дека влогот на Путин и Русија во овој момент е многу голем.

На домшната сцена актуелно е инсистирањето на опозицијата ургентно да се ооди на предвремени парламентарни избори.

-ВМРО-ДПМНЕ страдаат од неподносливост да не бидат на власт. Пет години да не се на власт се ужас за партија која верува дека таа е предодредена да владее во Македонија, дотолку што мислат дека македонскиот народ е во опозиција. Тоа е карактеристика на десничарските популисти – тие мислат дека само тие го претставуваат народот. Па ако тие не се на власт, никој не го претставува народот, вели Поповски.

На ВМРО-ДПМНЕ нема да му одговара да се случи пробив со преговорите со Бугарија и евентуално кревање на буугарското вето со што би се ослободил процесот на нашите евроинтеграции, коментира Поповски кој додава дека таа опција е малку веројатно, но не е неверојатна. Според Поповски, тоа што Јанез Јанша загуби на изборите во Словенија може да се одрази на финансирањето на, како што вели, тврдокорните вмровски медиуми.

Албанската опозиција не е едногласна во однос на тоа дали ќе се приклучат кон тоталната блокада на Собранието што ја најавува ВМРО-ДПМНЕ.

-За мене единствен начин да се натера владејачкото мнозинство на предвремени избори кои тоа не ги посакува е само преку протести, додека тотална блокада на Собранието и недонесувањето на закони кои граѓаните ги очекуваат може да предизвика само контраефект. Таква блокада треба да им ја објасните на граѓаните, па тоа и е причината зошто Алијанса на Албанците не сака да влезе во оваа шема. Сакам да потенцирам дека за тоа дали ќе има или нема предвремени избори одлучува владејачкото мнозинство, вели Муслиу.

Тој додава дека жарот кај граѓаните да се вклучат во активностите на политичките партии поврзани со протести во последниве години е опаднат, а освен тоа смета дека ако се оддолжи нефункционирањето на Собранието можеби ќе се вмешаат и нашите евроатлантски партнери.

-Најлоша опција е да се формира некоја комбинирана влада. Оние ресори каде што има проблем се раководени од ДУИ, па Ковачевски би се двел во ситуација да трча од експертски до експертски тим дали се завршени работите што треба да се завршшат, вели Поповски за една од можностите што се споменува во јавноста во контекст на барањата на опозицијата.

Муслиу, пак, вели дека пораката дека Ковачевски ја води Владата, но ДУИ владее може да се врати како бумеранг. Муслиу смета дека не е одржлив пристапот дека ДУИ и Албанците се виновни за сѐ во државата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen − 18 =