Поповиќ: Политичарите земаат мито заради брзо богатење, сметаат граѓаните

You must need to login..!

Опис

Еден од најгорливите проблеми според анкетите, во моментов е корупцијата а не сиромаштијата. Ова го покажуваат последните истражувања и анкети кои за Утрински брифинг ги коментира политикологот Миша Поповиќ од Институт за демократија Социетас цивилис.

-Перцепциите за корупција се добиваат од лично искуство, од споделување на тоа лично искуство со блиски луѓе и од медиумите. Кога граѓаните даваат мито тоа е или затоа што немаат избор или затоа што сметаат дека тоа е единствениот начин, вели Поповиќ.

Тој вели дека според истражувањата испитаниците кажуваат што според нив е причината за корупцијата. Годинава изби на прво место желбата за богатење на политичарите. Постојат три сојузници со борба против корупцијата: институциите, граѓаните и граѓанските организации. Ако институциите не функционираат, граѓаните губат доверба.

Истражувањето покажа дека над 100 илјади граѓани дале или им било побарано мито, наспроти фактот што за истиот период само седум лица се осудени за примање мито. Оттука граѓаните имаат перцепција дека пријавувањето не се исплатува.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seven + fifteen =