🎥📞 Поповиќ: Една од опциите е на 4 август да започне „Охридско лето“

You must need to login..!

Опис

Подготовките за годинашново 60. јубилејно издание на фестивалот Охридско лето започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание, а тоа значи дека токму овој период повеќето работи се завршени, но секако се работи и на прилагодување на некои активности со оглед на новонастанатата состојба со коронавирусот, велат од дирекцијата на најголемиот фестивал во земјава.

-Во постојана комуникација сме со Министерството за култура со цел да се види од кога и како би се одвивала целата манифестација. Една од опциите е да започнеме со Фестивалот на 4 август, кога традиционално се слави роденденот на „Охридско лето“, изјави за Утрински брифинг директорката Наташа Поповиќ.

Корона кризата можеби ќе го смени начинот на реализација на настаните, можеби ќе има ограничен број на посетители, намален број на концерти и претстави но никако нема да влијае врз квалитетот на она што ќе го понуди годинава фестивалот.

– Ќе се потрудиме да имаме поголем број на онлајн концерти, настани кои љубителите на уметноста ќе можат да ги следат преку лајв-стриминг. Сепак како Национална установа од областа на културата секако дека ќе ги следиме мерките на Владата на Република Северна Македонија против ширењето на коронавирусот, објаснува Поповиќ.

Овој период се работи и на подготовка на сцените и на се она што значи тековни активности.

-Целосно и професионално сме ангажирани Фестивалот да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат успешната културна приказна на Охридско лето изминативе 60 години, вели директорката на „Охридско лето“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + sixteen =