Попетрески: На 22 јуни не треба ништо да очекуваме – Бугарија е во политички вакуум, државата е пред избори

You must need to login..!

Опис

Неспорно е дека по заминувањето на Трамп и доаѓањето на Бајден им олесна на европските партнери. АКо дел од лидерите бидат искрени ќе признаат дека сепак Трамп им направи притоск да се обидат да ги зголемат инвестициите во делот на одбраната кај себе. бројките се неспоредливо повисоки во однос на 2-3 години и тоа е веројатно придобивка плус од тој „турбулентен“ период со Трамп кога дури се поставуваа прашања дали ќе опстане Алијансата, но сега Бајден се враќа, отворено зборува и мислам дека е искрен кога вели дека членот 5 и обврската која што произлегува од него за САД е света работа и дека постојано сака да ги потсетува Американците дека првиот и единствен пат кога е активиран членот 5 бил во американски интереси. Интересно е дека со олеснувањето се чини дека на сцена се враќа и дебатата и промовирањето на демократските вредности за кои што претходно помалку се зборуваше. Бајден тоа не го крие, го нагласува во сите свои настапи, почнува повторно да ги враќа на сцена вредностите на демкоратијата, нивното значење, со нагласка на тоа дека само демократија може да испорача за граѓаните, дека автократите тоа не можат д аго направат, изјави во Утрински брифинг новинарот Васко Попетрески.

-За американските медиуми главна вест е тоа што во завршното Коминике Кина за прв пат се апострфира како потенцијална безбедносна закана. Мислам дека Бајден во Коминикето го доби тоа што сакаше да го види, така што во таа смислам мислам дека задоволен замина од тој Форум.

-Личи дека американската надворешмна политика од еден период на „автопилот“ по преземањето на позициите од новата администрација почна да делува. Назнаките беа јасни дека Бајден драматично ќе го промени пристапот. Во таа смила е и патувањето во Европа која ќе финишира на средба со Путин. Се уште очекуваме да видиме што тоа ќе значи за нас како регион, бидејќи засега слушаме само назнаки, на сцен анема многу. Можеби овој телефонски разговор Блинкен – Радев е прва посериозна интервенција, кога работите ги гледаме од нашата позиција, вели Попетрески.

-Мислам дека од 22 јуни не треба ништо да очекуваме, ништо нема да се случи, иако е најавена и посета на Заев на Софија. Причините се повеќе – прво факт е дека таму има вакуум политички, дека државата е пред избори. Во таа смисла мислам дека како куршуми испукани во празно ќе останат овие телефонски разговори и иницијативи во изминативе недели. Второ не треба да заборавиме што како Декларација едногласно усвои бугарскиот парламент и што во таа смисла како рамковна позиција кон таа Декларација утврди бугарската влада. Моето разбирање, увид во работите е не дека нема процес, преговори, обиди, но на крајот мислам дека се уште сме далеку дури и од договорот за таа „Патна карта“, вели Попетрески и додава дека ќе мора да се чека на нова Бугарска влада.

-Откако ова нема да успее, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со став дека нивниот притисок успеал и дека Заев не направил второ национално предавство и не потпишал нешто за што тие предупредувале дека тој можел да потише. За партија што претендира утре да стане власт, ваков однос кон Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија мислам дека е нецелисходен и мислам дека во еден момент елитата на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се соочи со таа реалност, вели Попетрески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =