Полковник Билјана Блажевска: Горда сум што сум прва жена аѓутант на претседателот

You must need to login..!

Опис

Горда сум што сум прва жена што ја извршува функцијата аѓутант на претседателот на Македонија, рече денеска во Утрински брифинг полковник Билјана Блажевска, аѓутант на претседателот Стево  Пендаровски.

-Со моето поставување  на  оваа одговорна функција ги исполнивме заложбите на АРМ за унапредување на родовата еднаквост. Посебно откако сме членка на НАТО сметам  дека треба да се следат НАТО трендовите на НАТО членките  каде што имаме позитивни примери на жени на  високи позиции, а се со  цел да  се покаже  дека  Армијата нуди еднакви можности на сите. ЈАс сум 20години во Армијата  каде што сум извршувала различни  должности,  а учеството во мисии, обуки и вежби се ми  помогна да бидам подготвена за извршување на секоја должност,вели полковник Блажевска.

Таа нагласува дека извршувањето на функцијата аѓутант носи голема одговорност бидејќи е директно  поврзана со  Врховниот командант.

-Претседателот е и Врховен командант на вооружените сили на Армијата.  Од тоа произлегува и честа комуникација со Генералштабот. Моите  обврски се насочени во комуникација со АРМ и Генералштабот, координација на активностите помеѓу АРМ и Кабинетот на претседателот, но тука спаѓаат и протоколарните активности согласно воениот протокол. При предавање на акредитивни писма на странски  амбасадори или церемонии на официјални посети и други свечености, моја обврска е согласно протоколите да го  придружувам претседателот, објаснува  аѓутантката. Таа  вели дека е исклучително тешко  да се дојде до оваа позиција но е среќна што претседателот Пендаровски покажал родова сензитивност со изборот  на жена за позицијата на аѓутант. Полковник 

Блажевска е мајка на  две ќерки, семејна жена и успешна во својата одговорна професија. -Секоја работа бара балансирање помеѓу професијата и семејниот живот,меѓутоа работата во Армијата наметнува чести отсуства и непредвидливо работно време. Тоа е она што ми беше најтешко  да го балансирам кога ќерките беа помали. Сега веќе  се големи, па чувствувам олеснување од тој аспект. Сепак ќе нагласам дека мојот успех се долживо голема мера и на разбирањето кое го добивам од семејството, нагласува  Блажевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − two =