Позицијата и местото на жената во здравствениот систем, анализа со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Реалноста е дека по бројот на матични гинеколози во Македонија за жал имаме бројка која не ограничува и која што не го покрива целосно населениоето и територијата на државава. Иако моделот не е лош само по себе во однос како функционираат матичните со ФЗОМ, но имаме сериозен системски проблем кој што укажува дека генерации наназад не сме создавале доволно гинеколози.

Сега сме најдени во ситуација кога за жал можеби на некои моменти треба нешто да импровизираме, со цел да решиме голем дел од тие проблеми, бидејќи вие имате еден значителен дел од женската популација кај нас кој што не е првирзан кон матичен гинеколог. Ако тој прв чекор не е направен, тешко е подоцна да се збори за скрининзи, за добро репродуктивно здравје, следење на здрава бременост, изјави за Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

Имаше обиди за ова. Од државата се помогна со специјализации и мислам дека бенефитите ќе се видат и малку по малку ќе се поправа оваа слика, но генерално кубуриме – мораме да се соочиме и да работиме од околу, вели Д-р Митов.

Целата анализа со Д-р Митов погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =