Повеќе од 500 волонтери на Црвен крст им помагаа на погодените од Ковид-19

You must need to login..!

Опис

Помошта која волонтерите им ја даваат на старите, болните, позитивните на Ковид-19 и лицата во самоизолција е од непроценлива вредност. Повеќе од 500 волонтери на Црвениот крст без мотив за материјална или финансиска добивка од почетокот на пандемијата се вклучени во обезбедување храна и лекови на граѓаните на кои им е потребна помош.

-Дел од редовните активности на Црвениот крст за жал беа стопирани уште на почетокот на пандемијата во март. За сметка на тоа имавме нови активности кои беа насочени кон пандемијата. Ги активиравме мобилните тимови во Скопје но и низ државата. Во Скопје функционираа 11 мобилни тимови во кои што беа вклучени преку 200 мобилни тимови, додека низ целата земја беа вклучени 35 мобилни тимови за поддршка на ранливо население. Во целиот проект беа вклучени повеќе од 500 волонтери. Беа промовирани телефонски броеви на кои може да се јавуваат самохрани родители, лица со посебни потреби, стари и изнемоштени лица, лица во изолација и ковид позитивни. Сите тие имаат потреба од нашиот бесплатен сервис, да ги добијат до врата работите кои ќе нарачаат да им ги купат волонтерите. Имавме повеќе од 6.000 јавувања за обезбедување на лекарства, храна и хигиенски производи, рече денеска во Утрински брифинг, Александра Ристовски од Црвен крст на Град Скопје.

Таа додаде дека дел од тие волонтери даваат поддршка и на Министерството за здравство.

-Доставуваме лекови за хронична онколошка и метадонска терапија за пациентите од Скопје и останатите градови, преку мрежата на Црвениот крст, за да не мораат болните да доаѓаат во главниот град и дополнително да се изложуваат на ризик. А, продолжи помошта која им ја даваме на мигрантите и на бездомните лица. Програмите за млади ги ставивме на пауза бидејќи сакавме да го заштитиме нивното здравје и да го спречиме групирањето. Дел од тие волонтери се ангажирани на СОС линиите за полесно справување со последиците од пандемијата, нагласи Ристовски.

Анастасија Атанасовска веќе една година волонтерски работи со децата со хендикеп. Вели дека откако кај неа се разбудила желбата да помага, секогаш ќе остане на страна на хуманоста.

-Сакав попродуктивно да го поминувам слободното време и да и помагам на заедницата. Прво на памет ми падна да станам дел од клубот на млади во Црвениот крст, а и во гимназијата „Орце Николов“ каде што учам, професорите не насочуваат да бидеме волонтерски активни и да помагаме каде што е потребно, рече Анастасија. Светскиот ден на волонтерството се одбележа на петти декември со доделување благодарници за несебичната работа на сите волонтери. Благодарниците им беа доделени од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × five =