Победниците на „Наса спејс апс Челинџ“ ќе гледаат полетување на ракета со човечки персонал

You must need to login..!

Опис

Вчера се одржа финалето на натпреварот „Наса спејс апс Челинџ“ кој се одржува во повеќе земји, меѓу кои и во Македонија.

Станува збор за бесплатен виртуелен натпревар отворен за млади натпреварувачи.

Оваа година пред нив беа поставени над 20 интердисциплинарни предизвици зададени директно од експертите на Агенцијата за вселенски истражувања со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената.

Најдобрите ќе добијат шанса да го посетат Кенеди спејс центарот во Флорида, да остварат средби со дел од вработените, а ќе имаат и можност да следат лансирање на ракета.

На оваа тема во Утрински брифинг разговараме со Ирена Чаушевска Даниловска директор на ЊуМенс бизнис акцелераторот кој е еден од традиционалните организатори на овој натпревар заедно со Фондацијата Голдилокс Скопје, а со поддршка од Американската амбасада во земјава.

-Имаше 28.000 учесници на глобално ниво. Од нашата земја имавме 210 учесници во двете категории. До 12 години имавме 120 учесници, над 13 години 90 учесници, кои креираа над 20 квалитетни решенија.

-Проблемите кои ге решаваат се проблеми со кои се соочува земјата, но и проблеми со кои би се соочиле астронаутите при патувањето во вселената, изјави Ирена Чаушевска Даниловска.

Целиот разговор погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + eighteen =