Пливачка федерација: Секој изгубен ден поради затворениот базен, е неповратна штета за пливачите

You must need to login..!

Опис

Тажно е да се види оваа слика, од затворениот базен „Борис Трајковски“ кој од вчера не работи, рече денеска во Утрински брифинг, Горан Стојановски претседател на Македонската национална пливачка федерација.

  • Петстотини пливачи во моментов се останати без тренажен процес. Меѓу нив има и репрезентативци кои ја претставуваат Македонија на светски првенства и на Олимпијада. Во наредниот период следат подготовки за светското првенство кое треба во мај да се одржи во Јапонија. Со паузата од две недели која ја најавија од базенот, тренажниот процес ќе отиде во несакан правец бидејќи пливачите нема да можат да ја одржат својата форма. Тоа значи дека секој ден пауза во пливањето не може да се надополни со еден месец напорен тренинг. Овие две недели пауза ќе направат огромна штета за пливачите, нагласува Стојановски.

Во моментов нема друга опција каде што би можеле да се пренасочат пливачите.

  • Капацитетот на Олимписки базен е со функционалност од 20 проценти. Таму работи само малото корито кое има длабочина од 80 сантиметри до 1.20 сантиметри. Тоа воопшто не е доволно за одржување на професионални тренинзи. Таму исто така тренираат од 150 до 200 пливачи. Кога таму би тренирале и пливачите кои вообичаено тренираа во „Борис Трајковски“ ќе настане хаос. Да не заборавиме и дека пет спортски пливачки клубови и еден ватерполо клуб од Куманово исто така останаа без место за тренинг откако во и Куманово беше затворен базенот, поради енергетската криза. Околу 400 пливачи од Куманово исто така остануваат без можност за тренинг, вели Стојановски.
  • Станува збор за објекти од национален интерес, па оттука сметам дека е важно државата да најде решение за проблемот. Пливачката федерација веќе ги извести институциите за овој проблем, тие реагираа па според тоа очекуваме што е можно поскоро да го решат проблемот. Дотогаш пливачите ќе останат на суво. Проблемот е посуштински, не се проблем само моментално затворените базени, туку недостатокот на базени. Има многу граѓани кои сакаат рекреативно да се занимаваат со овој спорт, поради што се создава метеж во базенот „Борис Трајковски“. Ги очекуваме да се отворат училишните базени кои беа најавувани, со цел да се овоможи рекреативно пливање, додава Стојановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − twenty =