Планирање на менито клучно за здрава исхрана, никако внесување на конзервирана храна

You must need to login..!

Опис

Контролираното внесување на храна во услови кога телото енергетски троши многу помалку, е клучно за здравјето, потенцираше во Утрински брифинг нутриционистката Надица Илиевска.

Како што вели Илиевска, рационализација при трошењето и консумацијата е неопходна во услови кога седиме дома поради Ковид 19.

„Храната е нешто што навистина можеме да го контролираме. Како да нерационално почнавме да се однесуваме кон исхраната. Го разбирам психолошкиот момент кај човекот кој секогаш се плаши да не остане гладен. Но треба да останеме рационални во трошењето и консумацијата. Ние многу помалку енергетски трошиме овие денови кога сме во домот што значи дека и помалку можеме да јадеме. Што би требало да јадеме? Да го задржиме она за што велиме со години дека немаме време: доручек, подготвување храна…апелирам до родителите дека има време да научат малите да јадат домашно припремена храна, односно лесна храна“, вели таа.

Илиевска тврди дека имунитет со храна не се гради наеднаш туку за тоа треба години, но прв чекор кон тоа е течната храна, која вели, мора да биде застапена секојдневно – од супи до чорби.

„Мора да внесуваме течна храна секојдневно. Мора да има салата, лесна вечера…бидејќи влегуваме во период кога мора да бидеме рационални“, предупредува нутриционистката Илиевска.

Во однос на животниот стил, таа смета дека граѓаните сека имаат време да излезат во дворовите и да работат на свои билки, притоа укажува и дека планирањето на менито е можеби клучно за здрава исхрана.

„Се е до мерката. Може и скара, но тоа се прави еднаш во неделата. Треба да се има буквално распоред. За да нема психолошки стрес, треба да ја планираме исхраната. Секое семејство може да направи петдневно мени во кое ќе ги задоволи и желбите на непцата и физиолошките потреби на организмот“ вели таа.

Она што го вклучува во исхраната е чаша вино, бидејќи бројни студии укажуваат дека е здрава навика, а никако да не се консумира конзервирана храна.

„Конзервирана храна никако. Сериозни студии укажуваат дека голем дел од колективниот имунитет за време на Шпанскиот грип, паднал поради процесирана храна. Тоа не е храна ниту за утеха ниту нешто што ќе придонесе да го намали психолошкиот и физиолошкиот стрес, а чаша вино секако“, изјави Илиевска во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 2 =