Писарев: Она што го прави Русија со Украина е опипување на пулсот на западот и НАТО до каде она би можела да оди

You must need to login..!

Опис

-Русија во целата оваа ситуација се однесува анахроно, гледајќи го и однесувањето на руските претставници како од некои претходни времиња. Реакцијата вчера беше многу нервозна и пораките беа многу остри кон Русија.

-Очигледно е дека се работи на разместување на коцкички на глобално ниво не само на односите САД – Русија.

-Генерално има целосно регрупирање со кое според мене Русија лошо се справува… Сака да парира на НАТО и да направи еден вид Евроазиско НАТО.

-На крај целата оваа ситуација ќе заврши со тоа што руските бизнисмени ќе станат и ќе прашаат кој сето ова ќе го плати бидејќи да донесете 50 илјади војници од една точка на друга не е само трошок на транспорт тука се и голем број логистички трошоци кои само во овој случај до сега Русија ја чинат 2 отсто инфлација.

Русија на преговорите со НАТО и ОБСЕ во Женева дојде со еден вокабулар „на ѓон“ и доаѓа со една нереална претстава за НАТО. НАТО не е само воена алијанса туку има и други цели.

-Мислам дека ваквото однесување на Москва повеќе е внатрешно политичко бидејќи во разговорите со Бајден беа јасно поставени пораките дека нема да и биде дозволено на Русија да преземе одредени чекори, меѓу кои и распределување на руски ракети, вели за УБ новинарот Александар Николиќ Писарев.

Во разговорот се вклучи и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ кој изјави дека тензијата се зголемува заради извршениот хакерски напад врз веб страниците на неколку украински министерства меѓу кои и Министерството за надворешни работи, со што се подреваат стравувањата на Украинците за долго најавуваната руска пресметка со Украина.

Андовиќ смета дека сега и две неутрални држави како Финска и Шведска пројавуваат амбиции да влезат во НАТО, што ја отежнува дополнително позицијата на Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 2 =