Пировска: Сѐ уште имаме голем број на фемициди – легислатива постои, таа треба да се примени

You must need to login..!

Опис

Нема дилема за тоа дека постои еден голем чекотрр напред кога станува збор за свесноста за женските права. Во последниве неколку години регистрираме дека голем број на млади девојки ни се приклучуваат во движењето за еднаквсот на жените во Република Северна Македонија. Покажуваат високо ниво на свест. Тоа пред 10 години кога јас бев на средина мојата карера беше нешто што не се случуваше често. Јас сум задоволно од тоа како ние напредуваме на овој фронт. Пред 2-3 години започнавме нешто што се вика „женска солидарна мрежа“, па на социјалните медиумите вообичаено го објавуваме родово – базираниот говор на омраза против жените, најчесто оние кои се присутни на општественеата сцена, се со цел да дадеме до знаешење што е она што не смее да се случува. Морам да кажам дека од тогаш до днеес има голема разлика. Сега гледам дека мажите многу помалку се осудуваат да го користат тој говор на омраза, изјави во Утрински брифинг Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет и додава дека и од страна на властите постои волја да се направи тој уште поголем чекор напред и да севклучат повеќе жени во политиката.

Јас сметам дека секоја борба за одредени права е процес, не се случува ништо преку ноќ, но она пшто сметам дека останува најголем проблем е културата на оние кои што во истиот момент треба да постапат кога на жената и е повредено одредено право, вели Пировска.

Двојната виктимизација е секогаш присутна кај нас кога станува збор за сексуалното насилство. Во последниов период се шпекулира со една теза која што смета дека е многу опасна, имено, одредени жени, одредени субјекти во нашето општество, излегуваат со став дека – за каква борба за права зборуваме, па ние ги имаме сите права, и тоа секогаш тргнувајќи сами од себе, вели Пировска.

Иако Македонија е мала земја ние имаме голем процент на фемициди и сето тоа се должи поради ненавременото постапување од страна на МВР, Центрите за Социјална работа, судовите. Обвинителството секогаш ми е на прво место поради неговата неагилност да преземе нешто кога станува збор за ваквата борба.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 2 =