Пировска: Меркел прати јасна порака – местото на Западен Балкан е во ЕУ

You must need to login..!

Опис

Одмана не сум чувстувала таква возбуда при средба со некој функционер. Сепак не станува збор за било која жена, станува збор за жена која пред се ги сруши предрасудите за тоа дека жената може исто така добро да се носи во политиката како и мажите. Таа беше најмоќната жена на светот и оној момент кога ќе седнете со неа и ќе го започнете разговорот ви станува јасно зошто била најмоќна. Станува збор за жена која не сака празни муабите, нејзиниот резон, логиката и објаснувањето на работите се исклучителни. Сметам дека како вистински професионалец пристапи на таа средба, бидејќи пред да се сретне со шефовите на државите таа се сретна со граѓанскиот сектор, изјави во Утрински брифинг Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Нашата задача беше да ја дадеме онаа слика која можеби нема да прикажат политичарите, да кажеме каква е политичката ситуација во нашата земја, особено од аспект на слободите и правата и секако од аспект како граѓанскиот сектор во одредена земја функционира.

Слушајќи ги колегите од другите земји како да се враќав назад, во сето она што ние многу порано го доживеавме во нашиот развој. Неспорен факт е дека Македонија е многу понапред во сите процеси и и прележани детски болсети во својот развој. Тоа беше јасно кажано и од самата канцеларка, додаде Пировска.

На посетата на Меркел гледам како една порака до сите оние кои што ќе останат, но и оние што ќе ја наследат дека идејата за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европа не смее да замре и напорите да запрат. Берлинскиот процес е нејзиното дете.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 4 =