Пировска: Говорот на омраза стана предизборен рецепт – притоа не се размислува колку е тоа опасно

You must need to login..!

Опис

Ние ги следиме изборните процеи и кампањата од аспект на говорот на омраза. Ние на денот на озборите сме отворени за граѓаните да поднесат претставки кај нас.

Но во предизборниот период постојано следиме колкав е индексот на случаи на говор на омраза. Ова не е случајно бидејќи пред секој избор процес ние бележиме енормно зголемување на говорот на омраза, но и кривични дела и инциденти од омраза.

На пример кога беше Договорот од Преспа имавме енормно зголемување, со инциденти, референдумот…Едниствено за време на претседателските избори не нотиравме некоја енормна боројка, освен што реагиравме на некоректниот говор кога стануваше збор за кандидатот Сиљановска. Јас цело време апелирам дека мора да се реагира на говорот на омраза.

Во Македонија има само една пресуда за говор на омраза што е страшно ако се има предвид дека ние секојдневно поднесуваме претставки до Одделението за компјутерски криминал кое понатаму ги препраќа до ЈО. Но нема никаков исход од сето тоа. Она што е страшно е што тој говор на омраза понатаму продуцира насилство, изјави во Утрински брифинг Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет, околу тоа како се одразува предизборниот период на „густата“ содржина која што ги подразбираат човековите права.

Пред избори и во сите политички процеси, трендот на говорот на омраза најчесто е на етничка основа. Јас мислам дека заради оваа реторика сега која во јавноста се наметнува за етничко чисто општество дека може да се случи, особено младите луѓе, да бидат и жртви и строители на инциденти. Мислам дека на тоа сме веќе навикнати – да се кокетира со етникумот, да се злоупотребува и да се провоцираат тензии. Стана еден предизборен рецепт, а притоа да не се размислува колку е тоа опасно, додаде Пировска.

Мислам дека споредбено со порано, политичарите почнаа да водат сметка во однос на нивните говори. Ако зборувавме претходно дека и тие самите имаат говор на омраза, сега можам да речам дека користат политички некоректен говор. Добро се поучени дека одредена граница не смеат да ја поминуваат. Европскиот суд за човекови права е многу ригорозен во поглед на говорот на омраза од страна на политичарите.

Главен проблем што кај нас сето ова се повторува е што правосудните органи не реагираат соодветно и на време. Не постои санкција. Кај нас луѓето сметаат дека кога ние реагираме им го кршиме правото на слободата на изразување. Тие фактички не знаат дека прават кривично дело, а како би знале кога никој не е санкциониран, вели Пировска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 15 =