🎥 Пивоваров: Шверц на мигранти – добро организирана криминална мрежа оперира низ Европа

You must need to login..!

Опис

Во МВР постои посебна единица при организиран криминал која е раководена од Јавниот обвинител. Оваа единица до сега има поднесено 28 кривични пријави против организаторите на ваквиот криминал – шверц на мигранти.

Од нив има не само македонски, туку и косовски, турски државјани, државјани од други држави што значи дека овој криминал има добро расплетена мрежа, изјави во Утрински брифинг Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

-Сумата која што им се бара на мигрантите зависи од организаторите на шверцот. Криумчарењето не започнува од Македонија, односно шверцот започнува од местото на поаѓање од државата од каде сде упатуваат па се до завршната рута во Европа. Електронски се уплаќаат средствата и откако ќе бидат примени мигрантите се пренесуваат низ одредени точки. Секоја држава е една точка, додава Пивоваров.

-Има два сегменти – оперативен, за прибирање на информации токму за криминалните групи кои организираат превоз на мигранти и се поврзани со странски криминални групи и вториот начин е минување на границата самоиницијативно, што е поретко. Потоа по своја професионална проценка единицата во МВР реагира соодветно.

Целиот разговор со Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − twelve =