Пивоваров за лустрацијата: Во екс СФРЈ оперативци пишуваа оперативен материјал само за да покријат дека тој е добиен од оперативна врска

You must need to login..!

Опис

Во периодото на екс СФРЈ, тогашната УДБА, преку нејзините службеници, за да извршат одреден разговор имаше две категории на лица во Јавна безбедност – информатори и соработници. Во Државна безбедност имавме оперативна врска и соработник. Знаеште штто значеше соработник? Потпишување на званичен документ, се создаваа облигаторни односи помеѓу државата од една страна и лицето кое стапува доброволно во службата. Ако зборуваме за доброволноста имаше три мотиви таму.

– Првиот мотив е желба да си ја сакаме државата – патриотски моти. Вториот економски мотив и третиот од алтруизам и авантуристички побуди. Сето тоа беше ставено во некои подзаконски акти, процедури кои точно прецизираа како се стапува, што значи, кој степен на соработка.

– И за мене како оперативец во осумдесетите беше несвојствено, затоа што разговарате со личност која не знае дека ќе биде внесена во вашите документи, личност која можеби воопшто и не разговарала. Во одредена средина се случува одреден безбедносен настан, оперативецот пишува оперативен материјал за да покрие дека тој е добиен од оперативна врска, наведува име, ако се случува во вашето маало го наведува вашето име и презиме за денеска кога лустраторите ги вадат документите велат дека тој и тој пишал тоа и тоа а вие немате појма, ниту сте се виделе, ниту слушнале, изјави за Утрински брифинг, проф. Владимир Пивоваров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + 6 =