Пешевски: Синдикалната кошничка ќе биде со повисок износ, имајќи ги предвид покачувањата на цените

You must need to login..!

Опис

Јануари е најдолг месец во годината, не според бројот на денови туку такво е чувството бидејќи е и најладен, доаѓа веднаш по новогодишните празници, а и самиот е исполнет со голем број празнични денови.

Убаво е тоа што за време на празнувањето најголем дел го посветуваме на семејството, на фамилијата па и по малку се опуштаме во секоја смисла на зборот, но сега повторно треба да се вратиме во нормала, како со секојдневните работни обврските така и со живеењето. Сега стигнуваат сметките кои треба да се подмират, а од почетокот на годинава со оглед на зголемените трошоци за храна, енергенси, електрична енергија и тоа како ќе бидат поголеми.

Според последниот извештај за труд на ДЗС кој се однесува на десетти месец 2021 година просечната нето плата исплатена по работник изнесува 29.145 денари. Последните пресметките пак на Сојузот на синдикати на Македонија за месец декември се дека минималната синдикална кошница овој месец изнесувала 35.042 денари.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Иван Пешевски потпретседател на ССМ за приватен сектор.

-Оваа година можеби ќе ни фалат и повеќе од 6.000 денари, имајќи ја предвид куповната моќ која ќе ја имаат овие 35.ооо денари, бидејќи се е покачено во смисла на енергенси, електрична еднергија, гас, горива…

-Оваа минимална синдикална кошница за едно четиричлено семејство ја пресметуваме токму на прагот за едно преживување, бидејќи овде нема никаква стапка за некаков станбен кредит или штедење за годишен одмор, туку едноставно за леб и сол да се издржи месецот.

-Што се има синдикалната кошничка? Ставаме секогаш некаков просек, внесенеи се и доста производи што ги објавува и ДЗС, но имаме ставка на домување, исхрана и пијалоци, хигиена, превоз, облека, обувки, култура и оддржување на здравје.

-Доколку ја имате во преглед синдикалната кошничка, ќе видите дека тука се ставени некои најминималниизноси за едно четиричлено семејство д аможе да го истурка месецот. Од друга страна имаме просечна плата од 29.145 денари, каде што знаеме како се прави просекот во државата и тука се влезени и приватниот и јавниот сектор. Мора да имаме предвид дека скоро 120.000 семејства живеат на минималниот праг, односно се со 15.194 денари.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 + 13 =